МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК




План за работа за 08.06.2020 - 10.06.2020
 Содржини и активности за работа за второ одделение



Наставен предмет: Македонски јазик
Наставна содржина
.


08.06.2020
Обработка на текст - Верче и јаготките стр. 162

09.06.2020
Обработка на песна – Летен распуст

10.06.2020
Писмена вежба – Одиме на летен распуст



Според целите на програмата за прво одделение
Ученикот / учениците

08.06.2020
Да се оспособи за слушање ,разбирање и сфаќање на содржината на текстот, Да чита изразно и точно, Да се оспособи да воочува ликови, настани и место на случката, да го препознае и најде решение на проблемот и истите да ги искаже во писмена  и усна форма, Да се оспособи да извлече порака од текстот.

09.06.2020
Да се оспособува да анализира песна, да се оспособува да ги пронаоѓа чувствата, основен мотив во песната, поетските слики.

10.06.2020
да умее писмено да се изразува, да  се оспособува при писменото изразување  да употребува убави зборови и целосни  и јасни реченици



Вовед во активноста
08.06.2020
Читање на содржината на текстот. При читањето на текстот учениците да одговорат на следните прашања. Што прави мајката на Верче во дворот? Таа, бара ли помош од некој?  Што мислиш, ќе и помогне ли некој во полевањето? Како ќе постапиш ти на местото на Верче?
Наставен лист со техника Ѕвезда на приказната односно одговарање на следните прашања од дадената техника: За кого се зборува ? Каде се случил настанот? Што насадила мајката на Верче?Кои важни работи се случиле во приказната?
Има ли проблем? Кој беше проблемот?Што најмногу ви се допадна/ не ви се допадна и зошто ?



09.06.2020
Изразно читање на песната и обработка на содржината на истата преку техника четири агли.  

Напиши еден збор од песната.







Нацртај симбол со кој ќе го претставиш зборот.
Напиши реченица со зборот.







Илустрација на песната

10.06.2020
Да напишат состав во кој што ќе ги наведат своите желби и идеи за начинот на кој што ќе го поминат летниот распуст.




План за работа за 01.06.2020 - 05.06.2020
 Содржини и активности за работа за второ одделение


Наставен предмет: Македонски јазик
Наставна содржина
.


01.06.2020
Драматизација на текст: Тошо- стр. 165
02.06.2020
Обработка на текстот – Лажливец стр. 154
03.06.2020
Прераскажување на текстот - Лажливец
04.06.2020
Писмена вежба „Како да ја зачуваме природата“ стр. 166
05.06.2020
Обработка на драмски текст: Зошто светулката нема другарче стр.148
Според целите на програмата за прво одделение
Ученикот / учениците

01.06.2020
Да се оспособува за препознавање на драмски текст; да се оспособува за изразно читање по улоги;
02.06.2020
Развивање на брзина на читање: Да го вежба изразното читање; -Да се оспособи за разбирање на содржината; да умее да го прераскаже текстот со употреба на убави зборови и реченици;
03.06.2020
да умее писмено да се изразува, да  се оспособува при писменото изразување  да употребува убави зборови и целосни  и јасни реченици, да знае правилно да прераскаже текст
04.06.2020
Да се оспсобува да умее усно да се изразува по дадени илустрации. Да се оспсобува да се искажува со кратки и јасни реченици. Да се оспсобува да знае правилно да ги поврзува. Да се оспсобува да знаат да извлекуваат поговорка, и да им користи тоа во секојдневниот живот.
05.06.2020
да се поттикнува кон  активно слушање и доживување на содржината на текстот; да се оспособува за изразно читање со почитување на интерпункциските знаци; да се оспособи за воочување на ликовите во текстот и одредување на времето и местото на настанот
Вовед во активноста
01.06.2020
Потсетување за поимот драматизација- драмски текст. Изразно читање на текстот, потцртување на нејасните зборови и изрази и забележување на римуваните зборови. Усна анализа на ликовите и дискусија за содржината на текстот. Извлекување на пораката од текстот и запишување на истата во тетратка. Увежбување на   читање по улоги.
02.06.2020
Разговараме за тоа дали треба да се лаже, зошто не треба да се лаже, дали сте сретнале некој до сега вас да ве излаже?     - Изразно читање на текстот. Одговор на прашањата од текстот во тетратка.  
03.06.2020
Читање на текстот неколку пати во себе, а потоа и на глас. Писмено прераскажување во тетратка со ракописни букви.
04.06.2020
Разгледување и разговор за она што е претставено на сликите. Пишување на состав по дадените илустрации, со осврт на екологијата во природата. Препишување на делот ОД ПОВЕЛБАТА ЗА СПАС НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА во тетратка.
05.06.2020
Изразно читање на драмскиот текст, потцртување на нејасните зборови и изрази и забележување на римуваните зборови. Усна анализа на ликовите и дискусија за содржината на текстот. Извлекување на пораката од текстот и запишување на истата во тетратка. Увежбување на   читање по улоги.


План за работа за 26.5.2020 - 29.5.2020
 Содржини и активности за работа за второ одделение


Наставен предмет: Македонски јазик
Наставна содржина
.


26.5.2020
Интерпретација на песна: Дај ми рака
Стр.160
27.5.2020
Приказна во слики „Кучњата и коската“
стр. 139
28.5.2020
Обработка на текст: Незавршена приказна стр. 163
29.5.2020
Довршување  на текст: Незавршена приказна


Според целите на програмата за прво одделение
Ученикот / учениците

26.5.2020
да се запознае со содржината на песната , да знае од колку строфи и стиха е составена песната да умее да ни раскаже што зборува сонцето во првата  , а што ветерот во втората  строфа  да се оспособува да ја рецитира песната со почитување на знаците

27.5.2020
да умее усно да се изразува по дадени илустрации, Да знае да состави приказна според дадени слики
28.5.2020
да умее да чита непознати  текстови течно и брзо, да ја разбере и доживее содржината на текстот и да умее да ја пртераскаже
29.5.2020
Да го вежба изразното читање, Да умее да го доврши текстот со употреба на убави зборови и реченици

Вовед во активноста
26.5.2020
 Самостојно тивко читање на песната од страна на учениците со цел откривање на содржината и откривање  на непознати зборови или изрази. Објаснување на непознатите зборови (доколку ги има), активноста  продолжува со анализа на песната (стих по стих, строфа по строфа). По завршување на анализата следува вежба во изразно читање на песната. Самостојна работа на учениците – пронаоѓање и потцртување на именките во песната. Препишување на песната во тетратка со ракописни букви.

27.5.2020
Да состават приказна според дадедните слики преку следните прашања кои ќе им помогнат во понатамошното составување во приказната. Кои се главните ликови? Каде се случува настанот? Која е причината за која се караат кучињата? Зошто третото куче стои на страна? Што направило тоа на крајот? Учениците самостојно,најпрвин во себе составуваат приказна според слики – илустрации, а потоа и писмено. При пишувањето да се внимава на правописот и редоследот на настаните, составувањето на речениците опфатеноста на се она што е прикажано на сликите.
28.5.2020
Потсетување за видовите на текстови кои досега сме ги обработувале. Читање на текстот. Учениците ги поцртуваат нејасните зборови. Следува разговор за текстот. За што се работи во текстот? Од што се исплашило девојчето? Зошто девојчето било тажно? Дали вие некогаш сте биле тажни? Зошто е битно другарството? Извлекување поука од текстот.
29.5.2020
Читање на текстот заради потсетување на содржината на истиот и довршување на текстот по сопствена желба.


План за работа за 18.5.2020 - 22.5.2020
 Содржини и активности за работа за второ одделение


Наставен предмет: Македонски јазик
Наставна содржина
.


18.5.2020
Обработка на текст: Девојчето со куклата стр.146
19.5.2020
Вежби во читање и прераскажување на текст: Девојчето со куклата
20.5.2020
Писмена вежба : Во светот на фантазијата стр.138
21.5.2020
Опис на едно патување 
22.5.2020
Обработка на текст: Другарки стр.153

Според целите на програмата за прво одделение
Ученикот / учениците

18.5.2020
да умее да чита непознати  текстови течно и брзо, да ја разбере и доживее содржината на текстот и да умее да ја пртераскаже
19.5.2020
да умее да чита непознати  текстови течно и брзо, да ја разбере и доживее содржината на текстот и да умее да ја пртераскаже
20.5.2020
да умее писмено да се изразува по дадена темa, да  се оспособува при писменото изразување  да употребува убави зборови и целосни  и јасни реченици, составува реченици по дадени слики
21.5.2020
да умее усно да опишува едно свое патување, правилно да ги подредува зборовите во реченица, да ги применува правописните знаци и правила

22.5.2020
да се оспособува да ги воочува настаните, ликовите, темата и пораката на текстот
Вовед во активноста
18.5.2020
Разговор за  тоа како треба да се однесуваме во автобус.  Читање на текстот  неколку пати во себе со цел подобро разбирање на содржината. Извлекување на непознати зборови доколку ги има и објаснување на истите. Читање на глас и поделба на текстот на логички  целини. Пишување на план во тетратка. По една реченица за секоја целина . Усна анализа на  ликовите и нивните постапки и извлекување поракаод текстот која ја  запишуваат на крај од планот.
19.5.2020
Читање на текстот неколку пати во себе, а потоа и на глас. Писмено прераскажување во тетратка со ракописни букви.
20.5.2020
Разговор за значењето на зборот „фантазија“. Читање на барањата на страна 138 во учебникот. Учениците треба да напишат состав со наслов „Во светот на фантазијата“ притоа како помош се дадени следните прашања кои ќе им служат како потсетник за редоследот на пишување. Каде би сакале да заминат? Што ги интересира? Како го замислуваат детето од друга планета/ месечината? Како зборува? Како ќе се разберете? Учениците особено да внимаваат на ракписот и  правописните правила (употреба на голема буква, интерпункциски знаци, поделба на зборовите во нов ред)
21.5.2020
Учениците треба да напишат состав во кој ќе опишат едно свои патување кое им оставило голем впечаток. Притоа да го споменат и превозното средство со кое патувале. При раскажувањето да користат јасни и не многу долги реченици и секако да внимаваат на примена на правописните правила. Составите ги пишуваат со ракписни букви.
22.5.2020
Разговор за  тоа како тие се однесуваат со своите другарчиња. Дали си помагаат, кога си помагаат, по што откриваат  дека тоа им се нивните другарчиња, кој особини ги имаат нивните другарчиња. Читање на текстот во себе и на глас. Писмена анализа на  ликовите и нивните постапки и извлекување на  порака од текстот.


План за работа за Македонски јазик од 11.5-15.5.2020 год.


Наставен предмет: Македонски јазик
Наставна содржина
1.Обработка на лектира,,Снежана и седумте џуџиња,,( активносте се однесува на IIа и IIб одделение)
2,Магијата на подвните слики,филм,цртан филм,филмски приказни ,,( активносте се однесува на IIв одделение)

Обработка на текстот ,,Инаетчии,,
Обработка на басната ,,Две кози,,
Писмено прераскажување на басната ,,Две кози,,
Обработка на стихотворбата ,,Семафор,,
Според целите на програмата за прво одделение
Ученикот / учениците

1.-да се оспособува да ја чита и разбира содржината на лектирата, да се оспособува да одговара на прашања во врска со лектирата, да умее да ја прераскаже содржината на лектирата
2.-да се поттикнува на селективно следење на телевизиски содржини,да знае да прави разлика меѓу театарска и куклена претстава да ги воочуваосновните разлики меѓу нив и литературно дело.
3. да се оспособат да сватат и научат за раскажување на басната,да воочуваат битни карактеристики на ликовите и да умее да издвојува порака,поука на басната.
4. да умеат да раскажуваат басна,да се оспособува да се воведе во светот на басните, да се развива траен интерес за читање на басните.
5. да умеат да читаат реченици од одредена содржина со разбирање,да умеат да одговараат на прашања во врска со прочитана содржина со целосни реченици и да знаат да прераскажуваат басна.
6.се запознаат со семафорот како сообраќаен знак,да ја разберат содржината на песната, да умеат стекнатите знаења да ги применат во секојдневниот живот , да знаат да ги одредат поетските слики и да ја откриваат пораката на песната.




Вовед во активноста
1.Се надевам дека веќе ја прочитавте лектирата но и да ве подсетам дека истата ја гледавме и во театарска изведба.Како потсетување погледнете ја презентацијата 
за да потоа може да одговорите на прашањата што следуваат.Кој ја напишал оваа бајка? Можеш ли да наброиш уште некои наслови напишани од истите автори?Откако ќе ја видите презентацијата и од прочитаната лектира одговорете на прашањата дадени во работниот лист.
Од наставниот лист број 3 изберете еден лик и опишете го во тетратка на ракописно, а од наставниот лист број 4 изберете една омилена сцена и истата прераскажете ја .




2.Проследете ја куклената претстава од линкот You Tube.Следете внимателно  и запомнете кои ликови се во приказната, како се облечени за што се зборува во неа(изберете од линкот за која приказна ке пишувате)Потоа разгледајте ги сликите од учевникот на стр.104 каде се дадени делови од сликовниците,,Убавицата и sверот,, и Снежана и седумте џуџиња,,.Од овие приказни направени се филмски приказни кои веќе сте ги гледале.Филмските приказни настанале кога ќе оживеат цртежите а ако претставите се во живо со кукли тогаш тоа е куклен театар..Прераскажи ја твојата филмска приказна а потоа нацртај го твојот омилен лик.

3. Еве мала асоцијација.Откријте за кое животно станува збор домашно а може и диво ако кажам дека има рогови и брада и не е многу големо.Опишете го тоа животно.Прочитајте ја басната.Каде се стретнале двата јарца?Зошто се расправале?Која е особината на јарците? Запишете ја поуката од басната.Направете илустрација со изработка на стрип.

4. Прочитајте ја басната ,,Две кози,,Сега воочете ги односите меѓу двата јарци и двете кози о д басната ,,Инаетчии,, и ,,Двете кози,, со читање на соодветните делови од текстот(Тргни ми се од патот...тргни се ти,јас не сакам.Искажете ваше мислење како се претставени јарците а како козите во басните?Чија постапка е подобра?Кои се попаметните јарците или козите?Зошто?Што не ви се допадна во басната ?Изведете порака од басната ,,Две кози,,

5. Прочитајте ја на глас басната ,,Две кози,,Јасно и изразно.Што се случува во оваа басна?Ја забележа ли добрата постапка?Запиши ја во твојата тетратка и со помош на илустрацијата писмено прераскажи ја басната.

6. Сигурно веќе знаеш дека знакот со три бои што го регулира сообраќајот на крстосниците се вика семафор.Неговите светлосни сигнали ни кажуваат нешто што ти треба да го запишеш во својата тетратка но тоа ќе го направиш откако на глас ке ја прочиташ песничката ,,Семафор,, на страна79 во твојот учебник.препишете ја песната на ракописно латиница и нацртајте го семафорот во тетратката.

.




План за работа од 04.05-08.05.2020 за второ одделение

Наставен предмет: Македонски јазик
Наставна содржина
4.5.2020
Контролна задача 
Именки, употреба на голема буква,поделба на зборот на помали делови,пренесување на дел од зборот во нов ред.
5.5.2020
Писмено изразување,, Кога бев болен,,
6.5.2020
Интерпретација на песна ,,Најубавиот букет,,
7.5.2020
Обработка на текстот,,Локомотивата на Перо,,
8.5.2020
Писмено изразување-Како се однесувам во автобус или на некое друго јавно место
Според целите на програмата за прво одделение
Ученикот / учениците

4.5.2020
-Да се оспособува самостојно да вржши проверка на стекнатите знаења.Да се оспособува да ги дели зборовите на слогови со употреба на цртички.Да се оспособува да пренесува дел од збор во нов ред.
5.5.2020
-Да се оспособува да умее усно и писмено да се изразува на тема,,Кога бев болен,,.Да се оспособува да умее да пишува состав со ракописни букви, при тоа да внимава на употреба на интерпункциски знаци, да употребува јасни, правилни и целосни реченици.
6.5.2020
Да се оспособува да умее да чита текстови и да ја прераскаже нивната содржина.Да се оспособува да  научи да врши анализа на ликови, на времето и местото на настанот.
7.5.2020
-Да се оспособува да ја сватат и да ја доживеат содржината на текстот , да се оспособува правилно да го читаат и прераскажуваат текстот, да знае да го поврзе знаењето од текстот и примени во секојдневниот живот.
8.5.2020
Да се оспособат да раскажуваат сопствени доживувања правилно по редослед на настаните(слободно и со помош на прашања)
Вовед во активноста
4.5.2020
Внимателно разгледајте ја и прочитајте ја контролната задача. Работете внимателно.
Сработената контролна задача задолжително испратете ја на e-mail кај вашите наставници најдоцна до четврток (07.05). Истата треба да биде испечатена и решена со ракопис на ученикот или доколку не сте во можност да ја испечатите да се препише на лист и да се одговорат прашањата со ракопис на ученикот. 
5.5.2020
Изразете се писмено и напишете состав-,,Кога бев болен,,.Потсетете се на правилата на пишување(пишувањето на големата буква)
6.5.2020
Секој текст кога го читаме од него  извлекуваме некоја поука или добиваме некоја порака за доброто,лошото,за лажењето идр.Прочитајте го текстот(песната) на глас и при тоа внимавајте  како правилно земате воздух и почитувајте ги интерпункциски знаци.Направете опис на ликовите и нивна споредба.Сами извлечете заклучок и откријте идеја на текстот.
7.5.2020
Прочитајте го текстот внимателно.За кое сообраќајно средство станува збор во текстот?Што е Перо во текстот?Кој друг учествува во играта со Перо?Доврши ја приказната со додавање на некое твое слично доживување и истото на крајот илустрирај го.
8.5.2020
Потсетете се на правилата во сообраќајот,вашето безбедно движење како пешаци и учесници во сообраќајот.Употребете целосно осмислени и искажани реченици.Своето доживување запишете го во своите тетратки.





Kонтролна задача




План за работа за 27.4.2020 – 30 .4.2020
 Содржини и активности за работа за второ одделение по
македонски јазик


Наставен предмет: Природни науки
Наставна содржина
27.4.2020
-Граматичка вежба – Рeченици ( составува реченици и поставува знаци)
-Обработка на текст „Крава без ливада“стр. 161
28.4.2020
-Обработка на текст: Најубавите раце стр. 155
29.4.2020
-Прераскажување на текстот: „Најубавите раце“


30.4.2020
-Вежби- Именки,  употрба на голема буква, поделба на зборот на помали делови, пренесување на дел од збор во нов ред


Според целите на програмата за прво одделение
Ученикот / учениците

27.4.2020
27.4.2020
·          Да  се оспсобува да ги применува интерпункциските знаци при пишувањето.
·         Да се оспсобува да научи да составува расказни, прашални и извични реченици.
·         Да се оспсобува да  умее да ги поставува интерпункциските знаци на крајот на секоја реченица
( . ! ? ).
28.4.2020
·         Да се оспособува да ја сфатат и да ја доживеат содржината на текстот.
·         Да се оспособува да го научат правилно да го читаат и прераскажуваат текстот.
·         Да се оспособува да ги воведеме учениците во свесно и изразно читање
·         Да се оспособува да знае да го поврзи знаењето од текстот и примени  во секојдневниот живот
29.4.2020
·         Да се оспособува да прераскажува обработени куси содржини (слободно и со помош на прашања).
·         Да  се оспособува да раскажува со употреба на убави зборови и реченици и правилен редослед на зборови
30.4.2020
Вовед во активноста


21.4.2020
Граматичка вежба – Рeченици ( составува реченици и поставува знаци)
Се потсетуваме:
Што е тоа реченица?(Целоско искажана или напишана мисла, каде што зборовите треба правилно да се подредени. На крајот од реченицата стои интерпинкциски знак .;?;!) Потруди се да ги подредиш речениците на следниот линк:
Какви видови реченици постојат?
Прашални реченици се...
Извични реченици се...
Расказни реченици се...
Кој интерпукциски знак треба да се стави во следниве реченици:
·         Во петокот бевме на излет во Хиподрум(-)
·          Каде беше Ана(-)
·         Еј, маче на дрво(-)
Отвори го следниот линки и групирај ги Видовите реченици, а потоа препиши ги со ракописни букви во тетратка.

Кога кје завршиш со пишување отвори го линкот забавувај се и учи.
Играм и се проверувам

Обработка на текст „Крава без ливада“стр 161

Отвори го линкот и реши ја сложувалката. Да откриеме кое животно се крие.


Потоа во презентацијата „Животните од целиот свет“ прочитај го тектот и при тоа внимаваајте на правилно земање воздух и почитување на интерпункциксите знаци. По читањето на текстот да ја провериме  сфатеноста на содржината со кратки прашања кои   се на самата презентација.Одговорите запиши ги во тетратката со ракописни букви. Откако кје завршиш со работа во тетратката, отвори го линкот. и работи според барањата.





22.4.2020
Обработка на текст: Најубавите раце стр. 155
Преку техниката бура на идеи да ги поттикнеме учениците да размислуваат. Пример ако го кажам зборот „Раце“ на што ве асоцира да размислувате
-На раце кои се рапави, груби
-На раце нежни, меки
-На рацете на мама и сл.
Прочитајте го текстот и при тоа внимаваајте на правилно земање воздух и почитување на интерпункциксите знаци. По читањето на текстот да ја провериме  сфатеноста на содржината со кратки прашања кои  ќе ги пронајдете на линкот:


Усно направете опис на ликовите и нивна споредба. Извлечете заклучок (сами да ја откријат идејата на текстот). Потоа  следува одговарање од Ѕвезда на приказната  (може да се  пишува во тетратка со ракописни букви или на наставниот лист). Пишувајте ги правилно буквите и читко.


23.4.2020
Прераскажување на текстот: „Најубавите раце“
Внимателно читај го текстот неколку пати во себе. Раскажи го на глас, а потоа во тетратката со ракописни букви.

24.4.2020
Вежби- Именки,  употрба на голема буква, поделба на зборот на помали делови, пренесување на дел од збор во нов ред

На предходните часови работевме за именки.Знаеме дека: Именките се збориви  со кои се именуваат суштества, предмети, појави, географски поими, чувства.Разликуваме општи именки кои се пишуваат со мала буква (мама, дрво, дете, коза, облак, среќа, тага, чаша, зима, љубов, стравитн.) и сопствени именки (Горан, Скопје, Зоки Поки, Водно, Европа, ул.Есенинова, Македонија, Охридско Езеро, Јадранско Море итн.)
Сопствените именки се пишуваат со голема буква. Со нив се именуваат: имиња, презимиња, прекари, географски поими,населени мест.
Зборовите можеме да ги поделиме на делови а тие се нарекуваат слогови.Слогот е најмалиот дек од реченицата,а во него ора да содржи една самогласка(А;Е;И;О;У). Отвори го линкот и да се потсетиме за слогот.

А сега да провериме колку сме научиле.Отвори го линкот и реши го наставниот лист. https://www.liveworksheets.com/ir68628zn
Потоа работи на следните линкови
Дополни ги речениците со именки
Употреба на голема буква




План за работа за 21.4.2020 – 24.4.2020
Содржини и активности за работа за второ одделение по
македонски јазик


Наставен предмет:
Наставна содржина
21.4.2020
Опишување на предмети во домот , училницата , околинатa
22.4.2020
Обработка на приказна„Најубавиот плод“стр. 143
23.4.2020
Вежби во читање на текстот во себе


24.4.2020
Раскажување приказна во слики „Ловецот Диме и лисицата“


Според целите на програмата за прво одделение
Ученикот / учениците

21.4.2020
·         Да се поттикне да набљудува, воочува, открива, забележува  и опишува карактеристики на предметите и да го збогати својот речник.
22.4.2020
·         Да се оспсобува да умее да чита непознати текстови течно и брзо.
·         Да се оспсобува да ја разбере и доживее содржината на текстот и да умее да ја прераскаже.
23.4.2020
·         Да се оспособува да чита текст.
·         Да  се оспособува да го прилагодува гласот кон природата на содржината од текстот.
·         Да се оспособува да ги акцентира правилно зборовите во реченицата.
·         Да се оспособува да прераскажува обработени куси содржини (слободно и со помош на прашања).
24.4.2020
·         Да се оспсобува да умее говорно да се изразува по дадени слики.
·         Да се оспособува да раскажува со употреба на убави зборови и реченици и правилен редослед на зборови
Вовед во активноста


21.4.2020
Опишување на предмети во домот , училницата , околинатстр.142

Со својот членовите од своето семејство играјте игра „Погоди го предметот“. Еден член од семејството зема некој предме и го крие а ти треба да погодиш што е сокриено.
За да погодиме полесно тогаш мора да поставуваме прашања и од добиените одговори да го откриеме предметот.Пробај со следните прашања.
1. Од што е направено?(дрво, метал, пластика, платно,гума, хартија..)
2. Каква форма има? (округло, квадратно, цилиндрично, правоаголно...)
3. Каква бпја има?(бело, црвено, сино, зелено, портокалово, виолетово...)
3. За што служи-го користиме( за играње, јадење, работа ...)
4. Какво е на допир (тврдо, меко, еластично, рапаво...)
4.Дали се јаде?
5. Какво е на вкус? (слатко, солено, кисело...)
Избери  два предмета од македонски јазик на стр.142  и потруди се со помош на погоре наведените прашања,и прашањата од учебникот да ги опишеш во твојата тетратка.Пишувај читко и со ракописни букви.
Ајде сега да видиме дали ќе успееш според даден опис да погодиш кој предмет ти го опишувам:
·         Имам округла форма,
·         По боја може да бидам црвено, зелени или жолто,
·         Може да сум слатки или кисело,
·         Растам на дрво,
·         Имам витамини,
·         Ме јадат децата за да пораснат и бидат здрави.
( јаболко)
Потрудете се и ти самиот.
Некој од членовите на твоето семејство погоди предмет според описот што ќе му го дадеш. Истиот опис запиши го во тетратка.

22.4.2020
Обработка на приказна„Најубавиот плод“стр.143
(Албанска народна приказна)
Кога ќе кажам плод за што рамислувате?
За какви плодови размислувате?
Сигурно некој од вас  размислува за овошни плодови, а некој за зеленчукови.
Ние денес ќе учиме за еден посебен плод. Ќе ви прочитам една народна приказна,но притоа ќе користиме една техника стоп.
Читам еден дел од текст, потоа одговараме на прашања (Што се случило и што ќе се случи понатаму?)
Продолжуваме со читање на вториот дел на текстот.Размислуваме дали сме погодиле што се случило и повторно предвидуваме што може да се случи во третиот дел.
Потоа одговараме на прашањата:
Дали ви се допадна народнава приказната? Дали има нејасни зборови? За што се зборуваше во текстот? Каква порака ни праќа овој текст? Што е поважно во животот? Кој донел најубав плод?Зошто нема поубав плод од знаењето?...
Внимателно следи ја презентацијата и одговори на дадените прашања.

23.4.2020
Вежби во читање на текстот во себе
По завршувањето на активностите внимателно читај го текстот неколку пати во себе. Раскажи го на глас, а потоа во тетратката со ракописни букви.

24.4.2020
Раскажување приказна во„Ловецот Диме и лисицата“(приказна во слики)
На претхотните часови учеве да опишуваме и да погодиме што ни е опишано.
Ајде сега да видиме дали ќе успете според даден опис да погодите  што ви опишувам:
         Живо е,
         Се движи на четири нозе,
         Има крзно,
         Има голема опашка,
         Живее во шума и
         Се храни со пилиња.
         Сигурно  сите погодивте дека се работи за лисица.
Потоасотехникатаакростиксо го откриваме името на дивотоживотно –лисица.
Прашувам:Какво животно е лисицата? Коиживотнисештетнииопасни?Коипакпретставуваатукраснашумите?Какосеоднесуваатлуѓетоконштетнитеиопаснидивиживотни?Коидивиживотнигиловатловџиите?
Ја отвараме презентацијта 
игиразгледуваатсликитеодприказната.Најпрводобиваатзадачазасекојаодилустрациитеодделнодакажатнајмалкупоеднареченица.Потоаобидетеседајараскажетецелатаприказна.
Писменораскажувањенаприказната во тетратките со ракописни букви.

Презентации
„Ловецот Диме и лисицата“
Линкови за активности

План за работа за 13.4.2020 – 16.4.2020
Содржини и активности за работа за второ одделение по
македонски јазик


Наставен предмет: Природни науки
Наставна содржина
13.4.2020
Опишување велигденски обичаи ИКТ
Интерпретација на песна: Велигденска песна
14.4.2020
Изразно рецитирање на песната: Велигденска песна
15.4.2020
Обработка на текст: Велигденски  јајца


16.4.2020

Анализа на текст: Велигденски  јајца
Според целите на програмата за прво одделение
Ученикот / учениците

13.4.2020
·         Да  се запознае со обичаите на христијанскиот празник Велигден, негување на традицијата.
·         Да се оспсобува  да воочува и препознава песна, строфа и стих, да  воочува и препознава наслов и автор, да разговара за содржината на песната, да увежбува и усовршува изразно читање да развива способност за анализа и критичко мислење.
14.4.2020
·         Да се оспсобува да ја доживее песната и да разговара за содржината и да знае изразно да ја рецитира песна.
15.4.2020
Да да  се оспособува самостојно да ја чита содржината на текстот и да одговара на прашања   во врска со содржината, да се оспособува за гласно читање.
16.4.2020
Да се оспособува самостојно да ја чита содржината на текстот на глас и во себе и да одговара на прашања во врска со содржината за анализа на текстот и да ја открива пораката во текстот.
Вовед во активноста


13.4.2020
Опишување велигденски обичаи ИКТ
Со нетрпение го очекуваме претстојниот празник Велигденденот на Христовото воскресение, најголем и најстар христијански празник.
Велигден се слави во спомен на ослободувањето на човекот од ропството на ѓаволот и гревот. Поради се поголемата популарност на Исус на неговите проповеди властите по секоја цена сакале да го фатат и да го казнат. Еден негов ученик од 12-те колку што ги имал, Јуда го предал својот учител.На тајната вечера во четврток навечер Исус им кажал:Еден од вас ќе ме предаде. Исус ги благословил со вино и леб, со што ја воспоставил светата причеста.Христос бил распнат на крст. На третиот ден по смртта Христос воскреснал, поради што луѓето на Велигден се поздравуваат со Христос воскресе, а се отпоздравува со Вистина воскресе.

Внимателно следи ја презентацијата  ќе дознаеш и научиш повеќе за обичаите и празникот Велигден.

13.4.2020
Интерпретација на песна: Велигденска песна
Учениците одговараат усно на дадените прашања:
Кои празници се прославуваат во пролет?
По што го паметите празникот Прочка?
Зошто се слави Велигден?
Што е најубавото што го паметиш за Велигден?
Се потсетуваме на  традиционалните  подготовки за овој голем христијански празник кој секогаш е во недела. Во четврток, пред празникот, рано наутро се вапцуваат јајца, обично црвени, кои потсетуваат на Христовата крв. Вие сигурно со нетрпение очекувате да го пречекате овој голем празник со кршење на јајца.
А сега внимателно прочитајте ја песната „Велигденска песна“стр.141 при тоа внимавајте на интерпункциските знаци. Преку одговор на дадените прашања од песната правиме план (поетски слики) на истиот кој учениците го запишуваат во своите тетратки.

Обработка на песна „Велигденска песна“ стр.141
Од Славка Манева
Поетски слики:
1. Што сака да каже поетот со стихот:Велигден е голем празник?
2. Што правиме на овој голем празник?
3. Како ќе го прославиш празникот Велигден?

Следува меморирање на песната.


14.4.2020
Изразно рецитирање на песната: Велигденска песна

Во своите тетратки нацртајте го  своето доживување од песната. Повторуваме дека песната ’’Велигденска песна’’ има ____ строфи и  има ______стиха.
Во тетратките запишуваат колку строфи има, колку стиха и да се напишат римуваните зборови.
изработка на петоред  на тема Велигден (Можете ако сакате и наместо наслов велигден да биде Јајце)
Петоред:

Наслов:             Велигден
Опис:        ___________     ___________ (две придавки)
Дејство:   ___________  _____________   ___________ (три глагола)
Чувство:__________ _________ ________ _________ (реченица од четири збора поврзана со содржината на песната)
Синоним:  _____________


15.4.2020
Обработка на текст: Велигденски  јајца
Учениците одговараат усно на дадените прашања:

Што е карактеристично за Велигден?
Како се прославува?
Што е најубавото што го паметиш за Велигден?
Внимателно прочитај те го текстот „Велигденски јајца“ на стр.140.
Читај го тексто  на глас и внимавај на интерпункциските знаци. Одговорите на прашањата усно, а во тетратка запиши го скелетниот приказ.
Скелетен приказ
1.    За што се зборува во текстот?
2.    Реченица (препиши реченица од текстот која ти остави силен впечаток)
3.    Збор (кој кажува нешто важно)
4.    Боја  (нешто важно значајно искажано со боја пр.ако е љубов со црвена боја, искрено пријателство со бела боја и сл.)
5.    Цртеж (нацртај дел од текстот кој ти остави впечаток)
6.    Што најмногу ти се допадна во текстот?

16.4.2020

Анализа на текст: Велигденски  јајца
-Разговор и потсетување на содржината со неколку:
Кои ликови се спомнуваат во текстот?
Колку јајца ќе вапсува баба му на Бојан?
Во каква боја?

Усно прераскажете го текстот, а потоа во тетратките следи
-Изработка на техника  петоред
Наслов (вообичаено именка) -бабата или Бојан
Опис (вообичаено  две придавки)
Дејство (вообичаено три глаголи)
Чувство (израз) (реченица со четири збора)
Синоним (повторно изразување на суштината)

Откривање на пораката на авторот и во тетратките накратко  раскажете згоди и незгоди за време на прославувањето на празникот.



Видео или аудио запис

Презентации
Велигден обичаи и верувања



План за работа за 6.4.2020 –10.4.2020
Содржини и активности за работа за второ одделение по
македонски јазик


Наставен предмет: Природни науки
Наставна содржина
6.4.2020
Обработка  на текстот „Роденден“стр.129
Вежби во читање на текстот „Роденден“во себе
7.4.2020
-Обработка на бајка ,, Бајка за лебедот ,, -поим за бајка стр.132
8.4.2020


-Телефонски разговор- Како правилно се разговара„Ало, ало“стр.156
9.4.2020

-Поделба на зборовите на слогови„Сказна за слогот“ стр.130
10.4.2020

-Вежби за делење зборови на слогови стр.131
Според целите на програмата за прво одделение
Ученикот / учениците

6.4.2020
·         Дасеоспособувасамостојнодајачитасодржинатанатекстотида ја разбере содржината и даодговаранапрашањавоврскасосодржината,
·         Дасеоспособувазагласночитањедасеоспособувазачитање во себе
7.4.2020
-        Да се оспособи за гласно читање
-        Да се запознае со поимот бајка
-        сеоспсобувадаги воочува карактеристиките налитературната творба бајка
8.4.2020
Дасеоспособувадачитаразбирливосопочитувњенаинтерпукцискитезнаци,  да гоприлагодувагласотконприродатанасодржинатанатекстот идаодговаранапрашањасоцелоснииправилниреченици.
9.4.2020
·         Дасеоспособувадагиделизборовитенаслоговисоупотребанацртички.
10.4.2020
·         Дасевежба идагиделизборовитенаслоговисоупотребанацртички
Вовед во активноста


6.4.2020
Обработка  на текстот „Роденден“стр.129
Сите сакаме да играме и да се дружиме. Но за тоа ни се потребни другари. Колку другсрчиња имаш? Кој ти е најверен другар? Зошто велиш дека е најверен? Зошто се вели добриот другар по лошо се познава?Освен што се дружите на училиште каде се дружиш уште со другарче? Кај кое другаче бевте на роденден?
Прочитај го текстот „Роденден“ на стр.129
По читањето на текстот самостојно одговори на барањата од скелетниот приказ.
Скелетен приказ
1.    За што се зборува во текстот?
2.    Реченица (препиши реченица од текстот која ти остави силен впечаток)
3.    Збор (кој кажува нешто важно)
4.    Боја  (нешто важно значајно искажано со боја пр.ако е љубов со црвена боја, искрено пријателство со бела боја и сл.)
5.    Цртеж (нацртај дел од текстот кој ти остави впечаток)
6.    Што најмногу ти се допадна во текстот?

По завршувањето на горе дадените активности одговори на прашањата од учебникот.

6.4.2020
Вежби во читање на текстот „Роденден“во себе

По завршувањето на активностите внимателно прочитај го текстот неколку пати. Потоа раскажи го на глас, а потоа во тетратката.


7.4.2020
-Обработка на бајка ,, Бајка за лебедот ,, -поим за бајка стр.132
Сигурно ги знаете бајките „Снежана и седумте џуџиња“ ,  „Пепелашка“ , „Црврнкапа“, „Заспаната Убавица“ и други.
Сигурно забележавте дека во бајките се случуваат работи кои во секојдневниот живот не може да се случат не се реални. Пр.Не може да се претвори човек во ѕвер,  или од тиква да се направи кочија а од глувчиња коњи.
Заклучуваме :„Бајката е творба во која се зборува за неможни работи, лица, предмети и случки.“
Внимателно  прочитајте ја бајката со почитување на интерпункциските знаци, а ако сакаш да ја дознаеш тајната на црната птица прочитај го крајот на бајката која ја имаш во работниот лист.
Можеш да ја слушаш бајка   на You Tube.
 Одговори ги прашањата од учебникот на стр.133 во тетратката.

8.4.2020
Телефонски разговор- Како правилно се разговара„Ало, ало“стр.156
Може ли да одговорите кој е зборот кој го кажуваме кога се јавуваме на телефон? (Ало).Во секојдневниот живот се почесто го користиме телефонот за  комуникација.Но дали знаеме како треба да се разговара на телефон? Колку време да разговараме?
Потруди се дагопрочиташтекстот ,,Алоало“на глас внимавајќинаизразностаименувањетонагласотвозависностодсодржинатанатекстот почитувајќи ги интерпункциските знаци.Забележавте ли закаковтекстстанувазбор?Коиселиковитевотекстот?КадесесретналеМаркоиМилан?ОдкадееМилан,аодкадееМарко?Какоуспеалеповторнодастапатвоконтакт?Накојдругначинбиможеледакомуницираат?КојсејавилнателефонскиотповикнаМарко?Какоразговаралтојнателефон?Какосепрепознавакултурниотразговорпотелефон?Заштосекористителефонот?(дасеслушнемесонекогоидадознаеменекојавестилиинформација).
Потрудете се дома со вашите родители да читате поулоги.
Размисли за  тоа што и како ќе разговараш со другарчето од училиште и истиот разговор запиши го во тетратките.

9.4.2020
Поделба на зборовите на слогови„Сказна за слогот“ стр.130
кажуваатбројалката(Е-ци,пе-ци,пец,тисима-лизец,ајасма-лапре-пе-ли-цае-ци,пе-ципец).Воочуваатдека зборовитесеподелени на делови- слогови.
-Внимателно прочитајте го  текстот.
Можеш ли да одговориш зошто текстот има наслов „Сказна за слогот“
Во текстот се спомнува слогот.Слогот е најмалиот дел од реченицата што мора во него да содржи една самогласка (а,е,и,о,у).
Заклучувате зборовите: (жа-бич-ка) жабичка, (слон) слон и (чап-ја) чапја се поделени на слогови. Да откриеме секој од зборовите од колку слогови е составен.
жа-бич-ка  од 3 слога
слон  од 1 слог и
чап-ја од 2 слога
Да откриеме од колку слога и колку гласа се зборовите:заб, дедо, барабан,лисицата.
слогови
Заб                      еден слог
Де-до                   два слога
Ба-ра-бан            три слога
Ли-си-ца-та        четири слога
Гласови
З-а-б                                 три глас
Д-е-д-о                             четири гласа
Б-а-р-а-б-а-н                   седум глас
Л-и-с-и-ц-а-т-а                осум гласа
Да се потрудиме самостојно да одговориме на  прашањата и барањата (обоени со црвена боја) од учебникот на стр.130.


10.4.2020

-Вежби за делење зборови на слогови стр.131
Секој збор е составен од гласови. Со еден збор може да кажеме име на растение, предмет,  животно, појава, а додека повеќе збора ни прават реченица (една завршена мисла).Со повеќе реченици моќе да составиме приказна.
Знаете дека зборовите се составени од слогови, а слоговите од гласови, буквите се знаци на гласовите.
и да ги поделиме зборови на слогови: мама, тато, маса, мече, книга, тетратка, јаболко, телевизор. Забележуваме од колку слогови се составени овие зборови.
Внимателно прочитај ги барањата во учебникот на стр.131 и одговори во тетратка.

Видео или аудио запис



План за работа за период од
30.03 -03.04.2020г



Наставен предмет: Македонски јазик
Наставна содржина
Обработка на лектира број 2 – „Грдото Пајче“ (оваа активност се однесува само на II а и б одделение)

Усвојување на ракописните букви  и Хх и Ss
Вежби за препишување на текст со ракописни букви,,Нела и буквата S,,
Азбука на печатните и ракописни букви
Вежби во кажување и пишување на азбуката
Раскажување на првоаприлска шега
Според целите на програмата за второ одделение
Ученикот / учениците

Да се оспособува самостојно  да ја чита содржината.
-Да се оспособува да определува  редослед на настаните.
-Да се оспособува да ја пронаоѓа идејната порака на делото и емотивно да ги доживува настаните.
Да ги усвојува малите и големите ракописни букви и нивно поврзување во зборови
Да се оспособува да научи правилно да препише текст на ракописни букви
Да се оспособува да се повторат и утврдат големите и мали печатни и ракописни букви од македонското кирилско писмо и да стекнат елементарни знаења за македонската азбука
Да ги усвојува малите и големите ракописни букви и нивно поврзување во зборови,нивно повторување и утврдување
Да се оспособи за самостојно раскажување со употреба на ракописни букви
Вовед во активноста
Проследете ја презентацијата преку која ке се потсетите на содржината од лектирата. 
Преку техниката ѕвезда на приказанта разработете ја содржината. Подредете ги сликите редоследно на тој начин што ќе ги обоите квадратчињата до секоја слика според нејзиниот реден број. Обојте го наставниот лист.


Следете ги следните упатства: Воочување на разликата меѓу печатните и ракописните букви.Анализа на начинот на пишување на ракописните букви Х и S.Самостојно пишување на новите букви по 4 реда од секоја буква , како и нивно поврзување во зборови.Препишување на текстот,, Камбаните  sвонат,,
Следете ги следните упатства:Изразно читање на текстот.
Со какви букви е напишан текстот(печатни или ракописни)Препиши го со ракописни букви и пак прочитај го неколку пати на ракописно.Читањето и пишувањето ти оди полесно кога читаш печатно или ракописно?
Следете ги упатствата:Испеј ја ,,Бушавата азбука,, и изброј колку гласа ке изговориш.Напиши ја азбуката со печатни и ракописни букви.Напиши најмногу зборови со ракописни букви за време од 2 минути , а потоа тие исти зборови напиши ги печатно за истото време.Како пишуваш побрзо ?На ракописно или со печатни букви?
Следете ги упатствата.
Следете ги упатствата. Први април е денот на шегата.Какви шеги се кажуваат на први април?Раскажи во тетратка една првоаприлска шега.Надмудри ли некого во твојата шега? Се смееше ли кога ја пишуваше?
23.3.2020 год. ПОНЕДЕЛНИК
Цел која што учениците треба да ја постигнат: 
 Да ги усвојува малите и големите ракописни букви и нивно поврзување во зборови
Содржина која што ќе им помогне во реализација на истата:
Усвојување на ракописните букви Љ и Њ
Следете ги следните упатства:
Воочување на разликата меѓу печатните и ракописните букви.Анализа на начинот на пишување на ракописните букви Љ и Њ.Самостојно пишување на новите букви по 3 реда од секоја буква , како и нивно поврзување во зборови.Препишување на текстот,, Љубичици во  Њујорк,,

24.3.2020 год. ВТОРНИК
Цел која што учениците треба да ја постигнат: 
 Да опишува битни својства на предметите и појавите во природата , да се оспособува да ги воочува настаните, случките и ликовите.
Содржина која што ќе им помогне во реализација на истата:
Обработка на текст,,Дожд,,стр.119
Следете ги следните упатства:
Изразно читање на текстот.Проверка на разбраноста на текстот преку прашања.Кои зборови означуваат бои а кои денови во сњдмицата?Како е опишан дождот на почетокот на текстот а како на крајот?Зошто дождот станал весел?Кој го направил тоа?Запишување на план на текстот по прашањата: 1.Тема 2.Логички целини 3.Главни ликови 4.Време и место 5.Порака

25.3.2020 год. СРЕДА
Цел која што учениците треба да ја постигнат: 
Да знае да ги препознава и пронаоѓа именките во текст, да го усвои и повтори поимот за именки.
Содржина која што ќе им помогне во реализација на истата:
Пронаоѓање на именки во текстот..Дожд,,
Следете ги следните упатства:
Следете ги упатствата:Потсетување на дефинициите за именки(општи и сопствени).Пронаоѓање и препишување во тетратка на именките од текстот ,,Дожд,, Н.Л. Чадор

26.3.2020 год. ЧЕТВРТОК
Цел која што учениците треба да ја постигнат: 
Да знае да ги препознава и пронаоѓа именките во текст, да го усвои и повтори поимот за именки.
Содржина која што ќе им помогне во реализација на истата:
Усвојување на ракописната буква Фф
Следете ги следните упатства:
Следете ги упатствата .Воочување на разликата меѓу печатните и ракописните букви.Анализа на начинот на пишување на ракописната буква Ф.Самостојно пишување на буквата по 4 реда како и нејзино поврзување во зборови и реченици.Препишување на следните реченици на ракописно 1.Фидан најмногу ја сака зимата.2.Фаница чува папагалче во кафез.3Филип игра хокеј,се скија и се санка.
27.3.2020 год. ПЕТОК
Цел која што учениците треба да ја постигнат: 
  Да опишува битни својства на предметите и појавите во природата , да се оспособува да ги воочува настаните, случките и ликовите.
Содржина која што ќе им помогне во реализација на истата:
Обработка на приказна,,Во бунарот,,стр135
Следете ги следните упатства:
Самостојно и изразно читање на приказната притоа внимавајќи на интонацијата на гласот и интерпункциските знаци.На веќе определените логички целини измислете наслов(како што правиме кога работиме приказна по слики)Насловите напиши ги во тетратка.Прераскажи ги трите делови од текстот во тетратка.


16.3.2020 год. ПОНЕДЕЛНИК
Цел која што учениците треба да ја постигнат: 
 Да се оспособува да ги воочува настаните, случки и ликови
Да се оспособува да чита разбирливо, со почитување на употребените интерпункциски знаци
Содржина која што ќе им помогне во реализација на истата:
Вежби во читање на драмски текст Играта на Славка и Славчо стр.115
Следете ги следните упатства:
Изразно читање на драмскиот текст . Проверка на разбраноста на текстот преку прашања.  Кои се главни ликови? За што се зборува во текстот? Која е причината за кавгата меѓу братчето и сестричката? Извлекување и запишување на порака во тетратка. Писмена анализа на ликовите. 

17.3.2020 год. ВТОРНИК
Цел која што учениците треба да ја постигнат: 
 Да се оспособува да препознава расказна, прашална и извична реченица и правилно да ги употребува 
Содржина која што ќе им помогне во реализација на истата:
Пронаоѓање на расказни, прашални и извични реченици – повторување стр. 115
Следете ги следните упатства:
Потсетување на дефинициите за расказни, прашални и извични реченици. Пронаоѓање и препишување во тетратка на расказните, прашалните и извичните реченици од драмскиот текст „Играта на Славка и Славчо“.

18.3.2020 год. СРЕДА
Цел која што учениците треба да ја постигнат: 
Да ги усвојува малите и големите ракописни букви и нивното поврзување во зборови
Содржина која што ќе им помогне во реализација на истата:
Усвојување на ракописните букви Ц и Џ стр. 116
Следете ги следните упатства:
Воочување на разликата меѓу печатните и ракописните букви. Анализа на начинот на пичување на ракописните букви Ц и Џ. Самостојно пишувањето на новите букви по четири реда од секоја буква, како и нивното поврзување во зборови. Препишување на следните реченици на ракописно. (Џинот и џуџето се другари. Во куќата има џуџуња.) Читање на песничката „Црно маче “ и нејзино препишување.

19.3.2020 год. ЧЕТВРТОК
Цел која што учениците треба да ја постигнат: 
Да се оспособува да ги воочува настаните (случките) и ликовите
Да се оспособува да разликува видови текстови
Содржина која што ќе им помогне во реализација на истата:
Обработка на басна „Бик и Зајак“ стр. 117
Следете ги следните упатства:
Потсетување на учениците за која творба велиме дека е басна. (творбата во која на животните им се дадени човечки особини и каде што животните можат да зборуваат). Самостојно и изразно читање на  басната, внимавајќи на интонацијата на гласот и на интерпункциските знаци. Проверка на разбраноста на содржината преку писмено одговарање на прашања.Каква желба имал бикот? Кој би можел да биде најопасен непријател на бикот?  Што го натерало зајакот да размислува на друг начин? Како зајакот го подучувал бикот? Кој размислувал правилно? Читање,препишување и усна анализа на поуката .

20.3.2020 год. ПЕТОК
Цел која што учениците треба да ја постигнат: 
  Да се поттикнува на селективно следење на телевизиски содржини
Да се оспособува да прераскажува обработени куси сoдржини 
Содржина која што ќе им помогне во реализација на истата:
Раскажување на цртан филм по избор на учениците
Следете ги следните упатства:
Секој ученик нека проследи цртан филм по сопствен избор. Внимателно следење на содржината на истиот . Обработка на содржината преку техника „Ѕвезда на приказната“
 Писмено прераскажување на приказната, во кратки црти.

No comments: