ВЕШТИНИ



МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ 26-29.05

Цели: Да се оспособува да ја утврдувасе  песната, и да умее самостојно да ја пее песната. Да се оспособува да развива интерес за изведување на  музички чекори при изведување на песната.

Наставна содржина: Песна: Патував,  патував
Активности:                                 
                                                          Патувам, патувам

Патував, патував еднаш со воз
и видов, видов голем мост.
Секое патување ново доживување /2

Патував, патував со автобус,
но патот беше многу кус.
Секое патување ново доживување /2

Патував, патував со авион,
и видов, видов голем стадион.
Секое патување ново доживување /2

Патував, патував еднаш со брод,
и видов, видов голем октопод.
Секое патување ново доживување /2

Само не сум патувал со ракета,еп
но тоа многу не ми смета.
Секое патување ново доживување /2


ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ 26-29.05
Цели: Да применува различни техники за работа, самостојно да истражува
Наставна содржина: Изработка на сообраќајни средстца

Активности: Направете албум од дадените слики според видот на сообраќајните средства.
https://izvorcemk.files.wordpress.com/2015/05/soobrakajni-sredstva.pdf



МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ 18-22.05

Цели: Да се оспсобува да  се запознае со текстот на песната, и да умее да игра право оро. Да се оспсобува да развива интерес за изведување на  музички чекори при изведување песна
Наставна содржина: Утврдување на правото оро Мајка на Марика- од Тоше Проески

https://www.youtube.com/watch?v=vzoL5Sl30FY

ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ 18-22.05
Цели: Да применува различни техники за работа, самостојно да истражува
Наставна содржина: Изработка на сообраќајни знаци
Активности: Изберете три од дадените сообраќајни знаци, со помош на родителите или самостојно на интернет пронајдете ги истите, обојте ги избраните знаци во техника по избор и напишете кој знак што означува.









ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ 11-15.05
Цели: m Препознава и именува материјали за моделирање (глина, пластелин)
m Се запознава со техниката на обликување 
m Самостојно моделира тродимензионални форми
m самостојно одбира материјали за обликување 


Наставна содржина: Моделирање семафор или сообраќаен знак со пластелин


МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ 11-15.05

Цели: Да се оспсобува да  се запознае со текстот на песната, и да умее да игра право оро. Да се оспсобува да развива интерес за изведување на  музички чекори при изведување песна
Наставна содржина: Играње на правото оро Мајка на Марика- од Тоше Проески
https://www.youtube.com/watch?v=vzoL5Sl30FY

ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ 04-08.05
Цели: Оспособување на учениците да умеат со разновидни линии да го  претстават сообраќајот, да нацртаат крстосница, пешачки премин, тротоар.

Наставна содржина: Цртање – разновидни линии- сообраќај ( улица, тротоар, пешачки премин, место за игра)


МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ 04-08.05

Цели: Да се оспособи да ја  доживее  музиката. Да се оспсобува да развива интерес за слушање музика.
Наставна содржина: Слушање музика- Болната кукла- Чајковски

https://www.youtube.com/watch?v=tlOtaQLf-a8
Активности: Внимателно слушање на мелодијата, препознавање на музичкиот инструмент со кој е изведена истата. Дали станува збор за песна или композиција? Работа на наставниот лист.

ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ 27-30.04
Цели: Да се оспособува да моделира тридимензионални форми (едноставна и сложена форми). Да се оспособува да разликува волумени создадени од природата и волумени и предмети  создадени од човекот.
Наставна содржина: Обликување и моделирање со глинамол или пластелин „ Птица ( домашна или дива)


МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ 27-30.04

Цели: Да се оспособува да пее песни различни по содржина и карактер. 
Да се оспособува да разговара за содржината на песните.
Да се оспособува да стекнува навика правилно да го држи телото при пеење;
Наставна содржина: Обработка на песна по слух: Пчелка
https://www.youtube.com/watch?v=wJC-Q80THfQ


Активности: Обработка на песна по слух: Пчелка
-Слушање на песната
-Учење на песната
-Пеење на песната

ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ 21-24.04
Цели: Да се оспсобува да се воведува во цртање илустрација на дадена содржина. Да се оспособува да црта самостојнао. Да се оспосбува да нацрта народна шара и креативно да се изразува. Да умее да работи во различни видови на техники (колаж)
Наставна содржина: Цртање - народна шара(вез)


Активности: Со техниката колаж учениците да изработат традиционална шара(вез), употребувајќи ги боите кои преовладуваат во македонскиот традиционален вез.




МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ 21-24.04

Цели: да стекнува навика правилно да го држи телото при слушање на музика 
- да развива интерес за слушање на музика 
-да ја доживее музиката и да умее ликовно да се изрази по слушаната музика
Наставна содржина: Слушање музикаПролетен ветрец-Т.Прошев
https://www.youtube.com/watch?v=BB4PSPCZfus


Активности: се потсетуваме на весниците на пролетта на развигорчето и неговиот звук и неговото нежно милување по нашето лице. Се потсетуваме на начинот на кој слушаме музика. Следува прво слушање на песната и разговор. Има ли инструменти како придружба? Ајде да се обидеме да препознаеме некој во следното слушање. По второто  слушање разговараме и за карактерот на музиката и нејзиното темпо .

ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ 21-24.04

Погледнете ја оваа интересна игра  на коja што има вежби за телото кој што можат да им бидат интересни на учениците.
https://wordwall.net/sh/resource/1529761/%d0%b2%d0%b5%d1%81%d0%b5%d0%bb%d0%b0-%d1%81%d1%82%d0%be%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b0

ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ
Погледнете ја оваа интересна игра со карти на кои што има вежби за телото кој што можат да им бидат интересни на учениците во време на карантин

МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ

Цели: Да се оспособува да слуша и препознава детска музика. Да развива љубов кон музиката. Да се оспоссобува да  разговара за музиката што ја слуша.
Наставна содржина: Слушање детска песна „Велигденска песна“

Активности: Слушање на песната
https://www.youtube.com/watch?v=XgK06awG7xg

ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ
Цели: Да се оспособи да  ракува со разни видови на  материјалите и техники . 
Наставна содржина: Велигденски боенки

Активности: Да обојат еден од дадените цртежи






МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ

Цели: Да се оспособува да слуша и препознава класична музика. Да развива љубов кон балетот. Да се оспоссобува да  разговара за музиката што ја слуша.
Наставна содржина: Слушање музика од балетот „Лебедово езеро„ и „Танц на маилите лебеди“

Активности: Слушање на музика од балетот

https://www.youtube.com/watch?v=1ea90L91eZk
https://www.youtube.com/watch?v=Xd2nTXsivHs

ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ
Цели: Да се оспособи да  ракува со разни видови на  материјалите и техники . Да знае кои се примарни, а кои секундарно бои.
Наставна содржина: Употреба на примарни и секундарни бои
Активности: Повторување за тоа кои се примарни, а кои секундарни бои. Наставниот лист даден во прилог да се обои по желба со примена на примарни и секундарни бои.


МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ

Цели: Да се оспособува да слуша и препознава  музика од детски фестивал. Да се оспоссобува да  разговара за музиката што ја слуша.
Наставна содржина: Слушање музика песна „Први Април“

Активности: Слушање на песна „Први Април“ од детски фестивал Поточиња
https://www.youtube.com/watch?v=1dITwlwRpU8

ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ
Цели: Да се оспособи да  ракува со  материјалите за дизајн и визуелна комуникација, да умее да изработи маска за први април.
Наставна содржина: Изработка на првоаприлска маска
Активности: Индивидуален избор на маска, дизајнирање на истата по желба во различни видови на техника: темперни бои, водено бои, фломастер, мрсни боици, дрвени боици, доддавање на украсни елементи по желба
http://krokotak.com/category/dekoratsiya/maksi-i-kostyumi/

ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ
Цели: Да се оспосбува да црта стари градби и креативно да се изразува.
Наставна содржина: Стари градби-цртање

Активности: Потсетување во какви куќи живееле луѓето во минатото. Проследуваат презентација со стари градби и предмети. Ја  воочуваат старата архитектура и изглед на куќите. Се разговара за материјалот од кои биле изградени и зошто е таков материјалот.
Да нацртаат стари градби и да ги обојат по  сопствен избор.



МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ

Цели: Да се оспособува да слуша и препознава  музика од детски фестивал. Да се оспоссобува да  разговара за музиката што ја слуша.
Наставна содржина: Слушање ,,Баба Марта“

Активности: Слушање на песна „Баба Марта“ од детски фестивал Поточиња

https://www.youtube.com/watch?v=R4RO7u794u8

ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ
Цели: Да ја применува техниката на работа со разни материјали,знае да осмисли и конструира ,да размислува како да се обликува,да ја представи својата населба ,со сите нејзини значајни места
Наставна содржина: Основни средства за обликувањеобликува и конструира разни макети со разновиден материјал---МОЈАТА НАСЕЛБА
Активности: Учениците треба да ја констуираат нашата населба со сите нејзини значајни места. Го насочувам потребниот материјал (кутивчиња од лекови или било какви мали кутии за да се изработат згради,улици,училишта,општина,тинекс,автобуска станица итн......



No comments: